Субвенциите и гарантираниот откуп го вратија сончогледот на нивите

Bez autora
May 17 2010

Сончогледот повторно се враќа на македонските полиња. Субвенциите од Владата и добрата откупна цена на фабриката за масло Благој Ѓорев" од Велес, го зголемија интересот на земјоделците за зголемувањето на површините под оваа индустриска култура. Ако минатата година сончогледот беше застапен на 4.000 хектари, од кои беа откупени 7.000 тони, оваа пролет веќе е договорено да се посеат над 8.000 хектари, од кои се очекува род од над 12.000 тони квалитетно сончогледово семе. Маслодајна", којашто е единствениот откупувач и преработувач на сончогледовото семе во Македонија, на земјоделците навреме им обезбеди 84 тони квалитетен хибриден материјал од француската фирма Алтеса". Со овие количества семенски материјал 38 физички и правни лица кои веќе склучија договор да посеат под сончоглед 1.669 хектари.

Субвенциите и гарантираниот откуп го вратија сончогледот на нивитеСончогледот повторно се враќа на македонските полиња.

Субвенциите од Владата и добрата откупна цена на фабриката за масло Благој Ѓорев" од Велес, го зголемија интересот на земјоделците за зголемувањето на површините под оваа индустриска култура. Ако минатата година сончогледот беше застапен на 4.000 хектари, од кои беа откупени 7.000 тони, оваа пролет веќе е договорено да се посеат над 8.000 хектари, од кои се очекува род од над 12.000 тони квалитетно сончогледово семе.

Маслодајна", којашто е единствениот откупувач и преработувач на сончогледовото семе во Македонија, на земјоделците навреме им обезбеди 84 тони квалитетен хибриден материјал од француската фирма Алтеса". Со овие количества семенски материјал 38 физички и правни лица кои веќе склучија договор да посеат под сончоглед 1.669 хектари. Покрај ова, фабриката склучи договор за сеидба на уште околу 6.000 хектари со ЗИК Пелагонијаа од Битола, ЗККВардарр од Градско, ЗККЏумајлијаа од Лозово, Илинденн од Скопје, Романовцее од Куманово,,Евроленн од Петровацц и други.

Во фабриката велат дека како и минатата година, и оваа, на производителите им гарантират откуп на целокупниот род и дека на помалите производители парите ќе им ги даде веднаш, а на комбинатите во рок од два до три месеци.

- Обезбедивме квалитетен семенски материјал. Правиме се сончогледот повторно да го вратиме на полињата во Македонија, како што тоа беше пред триесетина години кога тој беше засеан на околу 28 до 30 илјади и од кои се обезбедуваа над 45.000 тони сончоглед. Македонија може целосно да ги обезбеди потребните суровини за производство на масло, а не да дава огромни девизи за увоз на сурово масло - вели Никола Варадинов, извршен директор на Благој Ѓорев" од Велес.

На зголемениот интерес за повторно враќање на сончогледот на македонските полиња во Македонија големо влијание има Владата која, како никоја досега, не обезбедила толкави средства за развој на земјоделството. За килограм сончоглед минатата година од фабриката тие добија по 11,5 денари плус ДДВ и плус транспортни трошоци, а од Владата по 6 денари субвенции со кои не само што ги покриле трошоците туку добро заработиле.

- Моментално сончогледот е една од најрентабилните земјоделски култури. Минатата година посеав 50, а оваа ќе го посеам на 120 хектари. Фабриката ми даде квалитетен семенски материјал и ми гарантира откуп и добра цена, а Министерството за земјоделство најави субвенциите од 6, да ги зголеми на 8 денари - вели земјоделскиот производител Владо Јанастов од Битола.

Во Благој Ѓорев" велат дека за купување на квалитетниот хибриден семенски материјал вложиле над два милиони денари и дека годинава очекуваат да го откупат целокупниот род.

- Очекуваме родот да тежи околу 12.000 тони од кои по преработката ќе добиеме 4.000 тони сурово масло. Тие количества се за работа на фабриката за три месеци. Останатите суровини ќе ги купиме од соседните земји. Добро е што површините се зголемуваат - вели Горан Трајковски, раководител за суровини при велешката фабрика.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik